На младите земјоделци кои сакаат да почнат сопствен бизнис државата ќе им помогне со неповратна финансиска помош максимум до 600 илјади денари. Огласот на кој што може да се јават фармерите до 40 години е во тек. За финансиска поддршка до 600 илјади денари има право секој млад земјоделец кој почнува да се занимава со оваа дејност. Треба да има деловен план и да е индивидуален земјоделец или трговец поединец не подолго од 18 месеци. Барателот треба да има средно земјоделско образование или обука, да ги почитува добрите земјоделски практики и мерките за заштита на природата и животните. По одобрувањето парите се исплаќаат годишно, најмногу на три рати.
На младите земјоделци кои сакаат да почнат сопствен бизнис државата ќе им помогне со неповратна финансиска помош максимум до 600 илјади денари. Огласот на кој што може да се јават фармерите до 40 години е во тек.
За финансиска поддршка до 600 илјади денари има право секој млад земјоделец кој почнува да се занимава со оваа дејност.
Треба да има деловен план и да е индивидуален земјоделец или трговец поединец не подолго од 18 месеци. Барателот треба да има средно земјоделско образование или обука, да ги почитува добрите земјоделски практики и мерките за заштита на природата и животните.
По одобрувањето парите се исплаќаат годишно, најмногу на три рати.
Барателите не смеат да почнат со инвестицијата пред потпишувањето на Договор со платежната Агенција. Финансиска поддршка е неповратна, и ќе се контролира 5 години.